Полард: Годинава ќе има многу нови мутации на коронавирусот

Директорот на групата за вакцини на Универзитетот во Оксфорд, Ендру Полард, предупреди дека годинава ќе има многу повеќе мутации на коронавирусот и дека мора да се навикнеме на тоа, но дека постојните вакцини можат да се прилагодат и на новите видови.

– Додека со нетрпение ги очекуваме вакцините, во текот на 2021 година ќе наидеме на многу нови видови на Ковид-19 и ќе мора да се навикнеме на тоа – изјави Полард за Би-Би-Си.

Според него, најважното прашање е дали некои од овие нови мутации се прилагодување на вирусот поради имунитетот меѓу популацијата, односно, како што рече, „дали е тоа резултат на самиот вирус или навистина е резултат на вакцинација“.

Полард нагласува дека новите верзии на вирусот се откриваат во раната фаза и дека, доколку е потребно, вакцините ќе бидат „прилагодени многу брзо“.

Тој се согласи со епидемиологот Eдон Едмундс, кој за „Би-Би-Си радио 4“ изјави дека во Велика Британија веројатно веќе се појават случаи на бразилската мутација на коронавирусот.

– Ние сме една од најповрзаните земји во светот, па ќе биде необично да не увеземе некои такви случаи во Велика Британија – заклучи Полард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот