Пола балканска естрада дојде на вечерашниот концерт на Северина, а и Хурем ја бодри својата пријателка! (ВИДЕО)

Фотографија: Instagram

Регионалната музичка ѕвезда Северина Којиќ, вечерва настапува пред белградската публика во „Штарк арена“, во склоп на својата турнеа „The Magic Tour“.

На концертот на хрватската пејачка се појавија голем број јавни личности, а меѓу првите во белградската арена се појавија свекорот и свекрвата на Северина, Драган Којиќ-Кеба, неговата сопруга Оља и нивниот внук, синот на Севе.

Покрај големата публика од фанови на Северина во „Штарк арената“, на концертот беа присутни и голем број нејзини колеги и естрадни ѕвезди. Наташа Беквалац, Ана Бекута, Сергеј Четковиќ и многу други јавни личности споделија видеа и фотки од атмосферата на нивните инста-профили.

Исто така, пејачката доби поддршка и од својата позната пријателка, актерката Мерием Узерли. Пред самиот почеток на концертот, Севе сподели видео на Инстаграм во кое Мерием објаснува дека за жал не може да стигне на концертот поради семејни обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот