Пол Макартни и Ринго Стар од „Битлси“ ќе гостуваат на новиот албум на „Ролинг стоунс“

Мик Џегер и Пол Макартни / Фото: EPA

Речиси 60 години по нивното прво запознавање, се чини дека Мик Џегер и Кит Ричардс ќе соработуваат со Пол Макартни и Ринго Стар од „Битлси“ на новиот албум на „Ролинг стоунс“.

Според изворите на „Варајети“, Макартни веќе ги снимил своите делови со бас-гитара за музичкиот албум, а тапанарот Стар допрва ќе го даде својот придонес за новото дело на легендарните „Стоунси“.

Албумот се снима во студио во Лос Анџелес, но сè уште не се знае точниот датум кога песните ќе бидат објавени и претставени пред обожавателите на квалитетната рок-музика.

Пејачот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер пред две години изјави дека снимиле многу песни, а гитаристот Кит Ричардс нешто пред Нова година потврди дека работат на нова музика.

„Пристигнува некоја нова музика“, напиша Ричардс на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keith Richards (@officialkeef)

ВИДЕО | Кога ќе те прободи Аморова стрела: Песни инспирирани од голема, вистинска љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот