Погледнете го потегот што го направи Ѓоковиќ против Монфис! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во големото финале за титулата на турнирот во Дубаи, првиот светски рекет ќе се соочи против грчкиот натпреварувач Циципас.

И Гаел Монфис во минатото го привлекувал вниманието на тениската јавноста со своите неверојатни и „акробатски“ потези кои завршуваа и со поен, слично нешто направи и најдобриот светски тенисер.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на турнирот во Дубаи, откако во полуфиналето со 2:1 го елиминираше Французинот Монфис.

Тоа беше 17 победа по ред во кариерата на српскиот тенисер против Монфис во исто толку дуели.

Францускиот натпреварувач дефинитивно сега беше најблиску до првата победа, но и овојпат не дозволи Ноле кој пак не знае за порази веќе три месеци.

Србинот повторно ја одушеви публиката, со еден свој потег посебно се истакна и стана хит на социјалните мрежи.

Според најавите денеска од 16.00 часот ќе се игра финалето за титулата помеѓу Ѓоковиќ и Стефанос Циципас од Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот