Поглед од 30-ти спрат и ЕНТЕРИЕР ОД СОНИШТАТА: Прекрасната актерка после свадбата го продава станот за кој цел Њујорк мечтае! (ФОТО)

Profimedia

Постои ли поубав начин да се ужива во магијата на Големото Јаболко од поглед на врвот на некој облакодер?

Profimedia

Оскаровката Џенифер Лоренс (29) неодамна се заколна на вечна љубов на галеристот Кук Маруни и започна заеднички живот со него, поради што одлучи да го продаде својот луксузен пентхаус на врвот од 30-катна зграда.

Како што пишуваат американските медиуми, станува збор за стан од 378 метри квадратни, кој Џенифер го продава по цена пониска од таа што го купила, само 14,25 милиони долари.

Profimedia

Нејзиниот доскорешен дом се состои од три спални соби и четири купатила, а го красат прозори кои се протегаат од подот до плафонот и овозможуваат еден од најубавите погледи во Њујорк.

Тоа што го прави овој стан посебен е секако долната тераса долга 18 метри на која се наоѓаат неколку простори за уживање, додека на терасата на спратот долга 20 метри се скапоцената скара и луксусзниот камин.

Profimedia

Profimedia

Сепак, еден ваков пентхаус не е посебен само поради неверојатниот поглед и безкрајните можности кои ги приредува долгата тераса. Еднакво е гламурозен и внатрешниот дел во кој се издвојува белата кујна од врежаниот мермер, а интересно е што Џенифер покрај неа имала и посебна соба за, верувале или не, доручек. Колку храната била важен дел од ова домаќинство покажува и тоа што дневната соба е споена со трпезаријата, а тука е и масата за билијард додека пинг-понг масата се наоѓа на терасата.

Profimedia
Profimedia

Тоа што сите сакаат да го видат кога станува збор за Џенифер Лоренс е секако гардероберот, а актерката во овој стан имала два така наречени „walk-in“ плакари – соби модифицирани за отстранување на облека. Тие се дел од главната спална соба, која има и свој излез на една од терасате, како и посебен мермерен стол за шминкање.
Ретко кој би се откажал од ваков стан, но сигурни сме дека Џенифер и нејзиниот сопруг си обезбедиле еднакво удобен и луксузен дом.

Profimedia
Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот