Погба останува верен на Манчестер јунајтед!

EPA-EFE/PETER POWELL

Иднината на Погба беше една од главните теми минатото лето, при што се сметаше дека Французинот е близу до преселување во шпански Реал Мадрид. Сепак, трансферот не се оствари.

Манчестер јунајтед ќе ги започне разговорите со францускиот халф Пол Погба со цел потпишување на нов долгорочен договор.

Сега Оле Гунар Солскјер и раководството на „црвените ѓаволи” ја испитуваат можноста за преговори за нов договор. Тековниот договор на Погба истекува за 2 години, со клаузула, исто така, истиот да продолжи за уште една сезона.

Агентот на играчот од средниот ред, Мино Рајола, од своја страна, беше еден од главните актери во летната сага, откако се обиде да најде начин за трансфер на Погба во друг тим.

Минатата сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата имаше 35 натпревари и 13 голови, а сезонава има досега четири мечеви без запишан погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот