Погба одби нов договор со Манчестер јунајтед, го чека богата понуда од Реал

Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Французинот не игра за моментно шестопласираниот на табелата во Премиер лигата поради повреда на бутниот мускул и на фудбалот треба да му се врати во текот на јануари следната година.

Повторно се шпекулира дека Пол Погбa нема да ја продолжи соработката со Манчестер јунајтед, објавуваат денеска британските медиуми.

Така, сè е подготвено за второто заминување на 28-годишниот Погба од „Олд Трафорд“ каде првпат по 2009 година играше во јуниорските категории и накратко за првиот клуб (во текот на 2011 и 2012 година).

Потоа, замина во Јувентус и го носеше дресот на торинскиот клуб до 2016 година, кога се врати во Манчестер во трансфер вреден дури 105 милиони фунти.

Важечкиот договор на францускиот репрезентативец со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од тековната сезона кога би можел да го смени клубот како слободен играч, а повторно се споменува можноста за негово враќање во Торино. Но, заминувањето во Реал Мадрид веќе некое време е пореална опција кога станува збор за играчот од средниот ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот