Под контрола се сите пожари во земјава, соопштија властите

Пожар во Пехчево / Фото: илустрација

Неколкуте пожари кои во изминатите денови избувнаа во земјава, се ставени под контрола, соопштија властите.

„Пожарите коишто беа активни во Општина Берово, како и другите пожари низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако седница одржало телото со долг бирократски назив: „Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи“.

Претходно, Владо Клинчарски од ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово, за МИА изјави дека на штотуку завршената координација на институциите вклучени во справувањето со пожарите во Беровско било најавено дека повторно ќе имаат поддршка од воздух, оти полициски хекикоптер почнува рано со гаснењето на пожарот, а дека Ер тракторот се вклучува по потреба.

Тој рече дека останува уште еден дел зафатен со пожарот да се исконтролира, поради проблени со посилен ветер и високите температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот