Почнува ретроградниот Меркур: Погледнете како овој период ќе влијае на секој хороскопски знак

Фото: Профимедиа

Од 10 септември до 2 октомври 2022 година повторно започнува периодот на ретроградниот Меркур. Оваа планета е одговорна за комуникација, размена, обработка и пренос на информации.

Ретроградниот Меркур повторно ќе биде активен од 10 септември, а неговото делување секако ќе влијае на секој сегмент од нашиот живот. Погледнете што ѕвездите му предвидуваат на секој хороскопски знак во овој период.

Овен

Зоната на распоредот и партнерството е на удар – наместо да бидете импулсивни како и обично, можеби ќе сакате да застанете и да размислите, пред да дејствувате. Нерешените проблеми во партнерските односи веројатно ќе се појават  во првата половина од ретроградноста, па пристапете кон овие чувствителни теми со сочувство и разбирање. Потоа, можеби ќе ви биде тешко да го пронајдете вашиот ритам во секојдневниот живот, затоа внимавајте да не закажувате состаноци во исто време и да не правите двојни договори.

Бик

Вашиот распоред се превртува наопаку во текот на овој ретрограден Меркур, затоа обидете се да се ослободите од вашата тврдоглавост и додадете малку флексибилност околу вашето време и нивоата на продуктивноста. Може да се појави личност од минатото, затоа бидете подготвени повторно да ги затворите круговите за кои мислевте дека се веќе затворени.

Близнаци

Багажот од вашиот партнерски, семеен и домашен живот би можел да исплива на површина, а овој талог на драма навистина може да ве измори. Тоа што не одите напред, не значи дека се уназадувате, искористете го овој период како можност да се поврзете со содржините од вашето минато и да ги решите недовршените приказни, за да пронајдете нова инспирација и да тргнете напред.

Рак

Веројатно ќе се изгубите во носталгијата под влијание на ретроградниот Меркур, па немојте да се изненадите ако ве преплават спомени или повторно да се вратите минатите разговори со блиските. Покрај тоа, не дозволувајте менталната конфузија да ја замати вашата комуникација со другите. Обидете се да бидете искрени со луѓето со кои живеете и со кои секојдневно комуницирате, бидејќи пасивно – агресивното однесување само ќе ги направи работите понапнати.

Лав

Вашиот социјален живот може да биде погоден од ретроградното влијание, бидејќи конфликтите во комуникацијата и логистичките грешки може да го отежнат утврдувањето на поставените планови и граници. Можни се грешки во електронската комуникација и погрешни пресметки, интеракцијата со светот би можела да биде напорна и оптоварувачка, затоа забавете. Обидете се да го надоместите пропуштеното, да одговорите на пораките, правете една по една работа и пред секоја задача вдишете длабоко и концентрирајте се.

Девица

Меркур е вашата владеачка планета, па може да откриете дека вашето остро око за детали е малку заматено, особено до втората половина на ретроградноста, кога Меркур ќе влезе во вашиот знак. Иако обично сте добри со логистика, избегнувајте да правите големи трошоци, да правите големи шопинзи, бидејќи може да откриете дека артиклите што сте ги набавиле не се она што сте мислеле. Наместо тоа, проценете ги вашите навики за трошење и одредете во што вреди да инвестирате понатаму.

Вага

Со оглед на тоа што Меркур се врти низ вашиот знак, може да биде тешко да се изразите себеси и своето мислење, без да се чувствувате погрешно разбрани или дека некого сте „згазнале“. Меѓутоа, најдобро би било да избегнувате претерано размислување и да престанете да се грижите за тоа што мислат другите за вас. Да се ​​биде автентичен, не значи да се биде пријатен и допадлив за секого, и тоа е во ред. Потпрете се на својот шарм и дипломатски вештини, за да се снајдете во чувствителни социјални ситуации.

Скорпија

Како чувствителен воден знак, обично ви е лесно да се поврзете со етеричната мудрост на вашето повисоко јас, но во текот на ова ретроградно движење на Меркур, можеби ќе ви биде тешко јасно да ја протолкувате својата интуиција. Наместо да избрзувате со заклучоците, седете со вашите чувства и обработете ги, јасноста ќе дојде постепено. Во текот на последните недели од ретроградноста, може да се појави некоја драма во пријателските односи и можеби е најдобро да се повлечете и да се извините.

Стрелец

Социјалните групи и кариерата се засегнати и одржувањето на правилна комуникација е најголемиот предизвик за вас во овој период. Останете настрана од какви било озборувања и интриги и бидете трпеливи кога одговарате на деловната пошта или кога учествувате во групните разговори, бидејќи може да превидите некои важни информации и да извлечете неточни заклучоци.

Јарец

Со оглед на тоа што ретроградното влијае на вашиот професионален живот, сега е вистинско време да ги паузирате сите нови работни потфати и да се фокусирате на проценка на она што ви е веќе „во чинија“. Ревидирајте ги претходните проекти или фокусирајте се на решавање на некој стар проблем со усвојување нови перспективи. Најдобро би било да не правите никакви потези во кариерата, бидејќи најголема е веројатноста дека ќе наидете на недоразбирања или ќе направите грешки кои предизвикуваат одложувања и доцнења.

Водолија

Ако планирате патување кон крајот на летото, имајте на ум дека ретроградниот Меркур може да ви ги расипе плановите, па ќе сакате да си оставите простор за можни промени во плановите и доцнења. Ако останете дома, занимавајте се со своите интереси и страсти кои можеби сте ги запоставиле – без разлика дали се работи за книга што не сте ја прочитале или некоја недовршена работа или односот со некој што го сакате, можете многу да добиете гледајќи на минатото од новата перспектива.

Риби

Границите би можеле да бидат матни во овој период, а разговорите би можеле да станат збунувачки, што може да ја отежне ориентацијата во комплицираните односи, особено во емотивните. Старите рани би можеле повторно да се отворат и да се активираат чувствителните спомени, а иако ова е можност за заздравување, исто така е време да се обидете да поставите посилни граници и да се дистанцирате од ситуациите кои повеќе не се во склад со вашите најдобри интереси. Слушајте ја својата интуиција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот