Почна санација на улицата „Малешевска 1“ во Кисела Вода

Санација на улица фото МИА

Почнаа градежните активности за санација на улицата „Малешевска 1″ во населбата Драчево, информираат денеска од Општина Кисела Вода.

Како што посочуваат во соопштение, екипите на фирмата изведувач „Топ Билд”, ангажирана од Општината, почнаа со копање на постојниот асфалт кој е видно оштетен. Се работи за реконструкција на улицата во должина од 1,3 километри. Градежните активности ќе траат еден месец.

Претходно, на оваа улица Општината постави водоводна мрежа во должина од 1,2 км, а по завршувањето на сегашните активности за санација на улицата, се очекува да биде подобра и патната инфраструктура.

Општина Кисела Вода апелира за трпение и разбирање од страна на локалното население додека траат градежните работи.

– Екипите што работат на реконструкциите и на оваа и на другите локации во општината, се трудат да работат брзо и во тие куси рокови внимателно планираат како нарушувањата во сообраќајниот режим да бидат минимални, се наведува во соопштението на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот