Почна меѓувладиното заседание, Петков и Ковачевски очекуваат напредок

Фото: Ариан Мехмети/Цивилмедија

Меѓувладината конференција во резиденцијата Бојана во бугарската престолнина се очекува да помине во конструктивна атмосфера како што најавија двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Бугарскиот премиер Петков истакна дека билатералните односи ќе се темелат врз вистинска работа, вистнски средби и вистински резултати.

-Порано односите беа на многу ниско ниво, но сега имам големи надежи бидејќи се вклучени многу министри со кои заедно сакаме да работиме. Најважно во политиката е да работиме за доброто на двата народи. Да работиме на прашања од економијата, инфраструктурата, европската интеграција и се разбира да ги следиме внимателно и општите теми како историјата, образованието  човековите права, рече Петков.

Премиерот Ковачевски истaкна дека ова е успех во односите со Бугарија зошто само по една недела договорено е подобрување на економската соработка, инфраструктурното поврзување и постои политичка волја за реализирање на она што е зацртано.

-Договоривме работа на Kоридорот 8, целосна патна, железничка и телекомуникациска инфраструкура, потоа соработка во образованието, културна размена и економска соработка. Во работните групи нема да членуваат само министри, туку и претставници од бизнис заедницата како и експерти од разни области, а редовно ќе не информираат за напредокот кој е постигнат, рече Ковачевски.

По овие куси обраќања двете влади продолжија со работа на агендата зад затворени врати.

По заминувањето на македнската делегација, бугарскиот премиер Петков и министрите ќе се посветат на ургентната криза во односите меѓу НАТО и Русија, во која Бугарија како членка  на Алијансата треба да има свој удел.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот