Почна исплатата на штедачите од Еуростандард банка: Банките не очекуваат проблеми

Обесштетувањето на лицата што имаат депозити до 30 илјади евра во Еуростандард банка што почна во банките се одвива тековно и без застои. Нема поголеми гужви од вообичаеното. Како што информираат од банките, исплатата се врши тековно и брзо, има мало задржување кај оние кај кои е потребно да се отвори сметка. Обесштетувањето се врши преку Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк. Депонентите имаат на располагање 36 месеци за да го остварат своето право.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август годинава. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот што се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Прочитајте и...  Над 700 мигранти од Лезбос префрлени во континенталниот дел на Грција

Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Нема да се исплаќаат депозитите на членовите на телата на банките и на големите акционери во Еуростандард банка, како и штедачите што имале повластени каматни стапки. Замрзнати ќе останат и парите кои се поврзани или се сомнителни за кривично дело перење на пари.

Стечајниот управник на Еуростандард банка, Душко Тодевски, информираше дека се раскинати сите договори за закуп на деловен простор во кои биле експозитурите на банката, но и дека целиот имот и документација се заштитени и се на сигурно.

Прочитајте и...  Пејачката Малинкова тврди: Ќе барам оштета, никогаш не сум донирала пари за политичка партија

Народната банка ја затвори Еуростанадард банка на 12 август годинава поради неисполнување минимални законски услови за работење. Треба да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари. 

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска