Починало бебе сместено прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Од невладината организација „Лекари без граници” на нивниот официјален „Твитер” профил доцна синоќа објавија дека пред неколку дена, деветмесечно бебе починало од дехидрација во прифатниот центар за бегалци и мигранти Мориа на грчкиот остров Лезбос.

Лекари без граници, за смртта добиле потврда од локалната болница од островот, а потврда денес има и од Центарот за прием и идентификација во Мориа за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според нивните информации, во неделата вечерта на 10 ноември, бебето било пренесено кај дежурниот лекар во прифатниот центар кој дијагностицирал симптоми на дехидрација, веројатно од патолошки причини, а на пат кон болницата починало, каде што само била констатирана смрт.

Бебето било од Конго, а заедно со неговите родители било сместено во прифатниот центар на Лезбос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот