Почина Валери Жискар Д’Естен

Фото: EPA-EFE/ED OUDENAARDEN

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен почина на 95-годишна возраст од последици од Ковид-19, соопшти неговото семејство.

Д’Естен последните месеци неколку пати бил хоспитализиран поради кардиоваскуларни проблеми, пренесува „Ле Монд”.

Во соопштението се наведува дека, во согласност со желбата на поранешниот претседател, тој ќе биде погребан во кругот на неговото најблиско семејство.

Д’Естен починал вчера на својот имот во Отон, централна Франција.

Тој беше претседател на Франција од 1974 до 1981 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот