Почина Ричард Шерман, композиторот на песни од филмовите на „Дизни“

Ричард Шерман - Фото: Buckner/Variety / Shutterstock Editorial / Profimedia

На 96-годишна возраст почина композиторот на песни од филмовите на „Дизни“, Ричард Шерман, соопшти компанијата „Дизни“.

Се вели дека Шерман починал во болница во Беверли Хилс, Калифорнија. Ричард Шерман, заедно со неговиот покоен брат Роберт, кој ги напиша текстовите на песните, беше меѓу најценетите и најплодните креатори на филмски партитури, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу филмовите што не се на „Дизни“, браќата Шерман напишаа песни за хитот за детскиот филм од 1968 година „Chitty Chitty Bang Bang“.

Браќата беа пофалени како едни од најплодните композитори-текстописци на ерата. Тие напишаа повеќе од 200 песни и собраа девет номинации за Оскар, освоија два Оскари и три Греми награди, а исто така заработија 24 златни и платинести албуми во текот на повеќедецениската кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот