Френк Фариан / Бони М / Фото: Frank Hempel / United Archives / Profimedia / kpa / United Archives / Profimedia

Почина основачот на легендарната група „Бони М“, познат по хитовите „Rasputin“ и „Daddy Cool“

Основачот на „Бони М“, Френк Фаријан, почина на 82-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Германскиот пејач и музички продуцент, познат по хитовите „Rasputin“ и „Daddy Cool“, починал мирно во својот дом во Мајами, Флорида.

Фаријан, во текот на својата повеќедецениска кариера, работеше со бројни суперѕвезди, вклучувајќи ги Стиви Вондер и Мит Лоуф.

Продуцентот, кој го основа и дуото „Мили Ванили“, продаде повеќе од 800 милиони плочи, од кои 150 милиони се само со „Бони М“.

Здравјето на Фаријан веќе извесно време било сериозно нарушено бидејќи бил подложен на операција на срцето.

Во своето последно интервју за германскиот весник „Билд“ во ноември, музичарот објаснил како операцијата му го спасила животот.

Меѓутоа, состојбата на Фаријан се влошила по зафатот, пренесел „Билд“.

Тој, исто така, имал тешкотии да зборува.

Френк Фаријан  Фото: Frank Hempel / United Archives / Profimedia
Френк Фаријан / Фото: Frank Hempel / United Archives / Profimedia

Најдобрата пријателка и поранешна партнерка на Френк Фаријан, Ингрид „Мили“ Зегит (69) го посетила во Мајами за Нова година.

Кога пред неколку дена заминале за Германија, тој и покрај неговата состојба сè уште се чувствувал добро.

„Френк беше физички многу слаб, но сепак беше полн со енергија“, рекла тогаш Зегит за „Билд“ и додала:

„Тој сè уште седеше во студио по цел ден и работеше на нова музика“, навела таа, пишува британски „Сан“.

Фото: kpa / United Archives / Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот