Почина легендата на Бостон и НБА, Џон Хавличек

фото: Твитер

Џон Хавличек целата НБА кариера ја помина во екипата на Бостон селтикс (1962-1978) и притоа освои дури осум шампионски титули.

Неговиот поранешен тим, Бостон, прв ја објави веста за смртта на Хавличек, не ја кажа точната причина, но наведе дека долги години боледуваше од Паркинсонова болест.
Џон Хавличек дури 13 пати настапи на Ол стар натпреварите, беше МВП на финалната серија, а дресот со број 17 е повлечен од употреба во Бостон селтикс но и во колеџот Охајо Стејт.

Кошаркарската јавност го знае Хавличек како голем шампион, неверојатен шутер но и човекот кој го направи еден од најпознатите моменти во историјата. Хавличек го пресече додавањето на Хал Грир во финалето на Источната конференција 1965 година против Филаделфија, што и до денешен ден се смета за еден од најголемите моменти во НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот