Победнички кам-бек на Дончиќ, сам го победи Сакраменто (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати паркетите по повредата и веднаш покажа колку е важен за играта на Далас маверикс.

Словенецот постигна 33 поени, имаше 12 скокови и 8 асистенции во победата на Далас над Сакраменто со 130:111.  Одлична партија прикажа и Кристапс Порзингис со 27 поени и 13 скока.


Дербито помеѓу двете најдобри екипи во Западната конференција му припадна на ЛА Лејкерс кој со 120:116 го совлада Денвер нагетс. Вообичаено најзаслужни за триумфот на „езерцата“ беа Леброн Џејмс кој имаше трипл-дабл од 32 поени, 14 асистенции и 12 скока, а Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 33 поени и 10 скока. Во редовите на Денвер, Џамал Мареј постигна 33 поени и Никола Јокиќ со 22 поени и 11 скока.


Победничката серија на Торонто ја запре Бруклин. По 15 победи по ред, шампионот Торонто загуби со 101:91 од Бруклин. Леверт беше одличен со 20 поени и беше најзаслужен за триумфот.

Пораз доживеа и најдобриот тим на Истокот, Милвоки бакс кој играше без Јанис Антетокумпо кој доби поштеда бидејќи стана татко.
Индијана го прифати подарокот и победи со 118:111, а најзабележителен беше Малколм Брогдон со 25 поени.

Резултати:
Кливленд – Атланта 127:105
Орландо – Детроит 116:112
Бруклин – Торонто 101:91
Индијана – Милвоки 118:111
Њујорк – Вашингтон 96:114
Мемфис – Портланд 111:104
Минесота – Шарлот 108:115
Далас – Сакраменто 130:111
Феникс – Голден Стејт 112:106
Јута – Мајами 116:101
Денвер – ЛА лејкерс 116:120

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот