Победа над Елверум е единствена опција за Вардар

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар денеска (16 ч.) ќе го одиграат првиот од двата дуели со екипата на Елверум во Скопје во рамки на Лигата на шампионите.

Норвешкиот тим се согласи двата натпревари со „црвено-црните“ да ги одигра во Скопје, првиот денеска, а вториот ќе се игра во среда.

Победата е единствена опција на вардарци кои така би ја прекинале серијата од три порази по ред (Порто и два пати од Пик Сегед), а во исто време би ја подобриле позицијата на табелата. Вардар моментно е последен во групата А со три бода од осум натпревари, а Елверум е едно место погоди со бод повеќе и натпревар повеќе.

-Не очекува една пеколна недела. Ќе треба да одиграме четири натпревари, два од Лигата на шампионите, една од СЕХА лигата и еден од домашниот куп. Ќе одиме меч по меч. Одигравме два меча со Сегед на кои бевме блиску, но не успеавме да победиме. Сега мора да гледаме напред и на мечот со Елверум кој не очекува. Тоа е тим кој не е наивен, не смееме во никој случај да ги потцениме. Гледваме видео, анализиравме каква е нивната одбрана. Тоа е квалитетна одбрана, многу слична на таа скандинавска школа, со многу контакт и густина. Но можеме и знаеме како да нападнеме. По оние два малку и несреќни порази се надевам дека ќе се радуваме. Шансите за успех се многу поголеми отколку на мечевите со Сегед – вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот