По Скопје и Битола, заплена и во Тетово: Полицијата одзеде над 2.000 парчиња пиротехника и приведени две лица

Петарди/ Фото Архива на СП

По Скопје и Битола, информација за заплена на пиротехнички средства денеска пристигнува и од Тетово. Тетовската полиција попладнево приведе две лица кај кои се пронајдени над 2.000 парчиња на петарди.

– Попладнево околу 16:20 часот, на градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1.759 парчиња на пиротехника, и С.А. (31) од Тетово од кого биле одземени 314 парчиња на пиротехника. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатата седмица во Тетово беа запленети над 41.000 парчиња на пиротехнички материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот