По остварувањето како мајка, Симона Поповска се враќа со нов сингл “Fееl So Good”

симона поповска
Фото: Принтскрин / Youtube

По пауза од скоро година и половина од музичката сцена, нашата позната пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска со нов сингл.

Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола.

Симона e позната и како член на единственото „dance“ дуо кај нас Саунд Месинџерс заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат повторно со заедничка соработка Симона и Ерик подготвија ново музичко задоволство.

Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на познатите музички платформи, како „Spotify“ и „Аppstore“.

Музичкото „lyrics“ видео во прилог го изработи Зоран Зонде Стојановски.

Симона ни најавува уште неколку песни кои се очекуваат да излезат многу наскоро на македонски, а некои и на англиски јазик. Со ова Симона најавува враќање на музичката сцена и нејзини настапи по локалите и клубовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот