По коронавирусот ниту свадбите нема да бидат исти

венчавка свадба
Архива / Unsplash / Louis Tosta

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе бидат организирани свадбите кога ќе се отворат рестораните, Филипче рече дека секако ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца.

Комисијата за заразни болести подготвува повеќе протоколи за тоа како ќе се организира работата на рестораните, хотелите, училиштата и градинките, и на средината на мај ќе биде претставен концептот, рече на денеѓната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе бидат организирани свадбите кога ќе се отворат рестораните, Филипче рече дека секако ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца.

-Комисијата веќе спреми протоколи за одржување на разни курсеви, едукации, за јавниот превоз. За работа на ресторани, училишта и градинки не се финализирани. Сите тие протоколи ќе се споеделат со стопанските комрои, и секаако дека некоја ситуација ќе бара модификација на протоколот. Засега сметам дека е сѐ уште рано и до средината на мај ќе го формираме концептот-рече Филипче.

Министерот апелираше дека сите имаме подеднаква одговорност и дека не смее сега да се дозволи да биде доведено во прашање сето постигнато досега, како што рече, „го надминавме, можеби најтешкиот период“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот