По грешка пуштени 23 патници од крузерот во Јапонија

Јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като се извини за пропустот.

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот на двонеделниот карантин.

Јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като се извини за пропустот.

„Длабоко жалам поради нашата грешка. Ќе направиме се да не ја повториме истата грешка“ рекол министерот пред новинарите.
Истовремено било откриено дека една патничка-Јапонка, по напуштањето на бродот била позитивна на коронавирусот. Таа се симнала од бродот, кој е усидрен кај Јокохама по двонеделниот карантин, но на новиот тест во префектурата Точига било утврдено дека е позитивна на коронавирусот.

Министерството за здравство соопштило дека повторно ќе ги тестира 23 патници, кои се симнале од бродот во средата и четвртокот. Тие последен пат биле тестирани пред 5 февруари и јапонското министерство се обидува да стапи во контакт со нив за повторно да бидат тестирани.

Крузерот со 3700 патници и членови на екипаж беше во карантин од 3 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот