По 13-часовна расправа усвоен план за постапката за импичмент на Трамп

Американскиот Сенат каде републиканците се мнозинство ги отфрли претходните обиди на три демократи да ја обврзат Белата куќа да поднесе документ за исплата на воена помош за Украина.

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат усвои правила за спроведување на процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и одложување на дебатата за повикување сведоци до средината на судењето.

Со 53 гласа „за” и 47 „против”, Сенатот усвои план со кој им се дозволува на сенаторите обвинители да почнат случај подоцна во текот на денот.

Американскиот Сенат каде републиканците се мнозинство ги отфрли претходните обиди на три демократи да ја обврзат Белата куќа да поднесе документ за исплата на воена помош за Украина.

Таа одлука ја донесе Сенатот за време на првиот ден од судењето во процесот на отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, што беше обележано со расправа за правилата формулирани во резолуцијата, предложени од Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.

Според резолуцијата предложена од Меконел – претставниците на демократите кои служат како обвинители, како и правниот тим на претседателот во процесот на отповикување, имаат дваесет и четири часа во наредните три дена да го претстават своето видување за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот