ПМФЛ: Вардар ремизираше со Шкендија, Струга има шанса да „избега“ на плус три

фото: fcshkendija

Денеска се одиграа пет натпревари од 24 коло во Првата македонска фудбалска (ПМФЛ), на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје, ремизираа екипите на Вардар и Шкендија (1:1).

По првото полувреме водеше Вардар со голот на Лемос од 16 минута, а израмни Шкендија преку Аганспахиќ (82`).

На теренот во Кратово составот на Силекс со 2:1 славеше против Брера Струмица. Сите голови беа реализирани во текот на второто полувреме, Силекс поведе во 51 минута со голот на Каланоски, па израмни струмичкиот клуб во 68 минута преку Ивковиќ, а конечниот епилог го постави Игнатов (78`).

Немаше голови (0:0) на мечевите Воска Спорт – Шкупи и Брегалница Штип – Гостивар, додека Македонија ЃП со голот на Велкоски од пенал во 36 минута минимално го победи Тиквеш (1:0).

Од оваа рунда ќе се игра уште еден меч, в недела од 15.00 часот помеѓу Работнички и Струга Трим Лум.

Актуелниот шампион, има шанса со триумф на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје да „избега“ на плус три во однос на второпласираниот Шкупи.

Табела: Струга Трим Лум 48 бодови, Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска Спорт 27, Вардар 26, Брегалница Штип 22, Македонија ЃП 21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот