ПМФЛ: Струга со голот на Радески триумфираше над Воска Спорт

фото: fcstruga.com

Денеска актуелниот шампион Струга Трим Лум славеше во заостанатото четврто коло во Првата македонска фудбалска лига против Воска Спорт со 0:1.

Тоа е петта победа за играчите на Шпетим Дуро за моментно второ место на табелата со 15 бодови, еден помалку од водечката Шкендија која има меч повеќе.

За Воска Спорт ова е веќе трет пораз во низа и се наоѓа на 10 место со седум бодови.

Единствениот погодок на денешниот дуел се случи во 86 минута, кој дојде по удар од корнер, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Радески кој со глава ја испрати топката во противничката мрежа.

Во следното коло Струга ќе гостува кај третопласираниот Шкупи, додека Воска Спорт ќе игра против Силекс од Кратово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот