ПМФЛ: Шампионот Шкендија на стартот од сезоната му гостува на новиот прволигаш Тиквеш

фото: ФК Шкендија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше одржана жрепка со која беше одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во ПРВА македонска фудбалска лига.

Во првото коло, актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци против Тиквеш. Екипата на Брегалница воведниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против  Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец.

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 8. август со почеток во 17:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот