Фото: Фејсбук Плумб Вела

Плумб Вела поднесе оставки од директор на тетовската болница и од тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците

Плумб Вела в.д. директорот на Клиничката болница во Тетово, преку статус на Фејсбук информира дека поднел оставка од функцијата директор на тетовската болница како и од шеф на тетовскиот огранокот на Алијанса за Албанците. Оставката и од двете функции Вела ја поднел од лични и здравствени причини.

„Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијансата за Албанците и од функцијата шеф на огранокот на Алијансата за Албанците – Тетово. Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите вас тетовци и активисти на Алијансата за Албанците, од се срце ви благодарам за континуираната поддршка“, напиша Вела.

Тој информира дека ќе продолжи да придонесува во Алијанса за Албанците како активист.

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја потврди оставката на директорот на Клиничката болница во Тетово и порача дека кога човек гледа, подобро е сам да поднесе оставка, отколку да биде разрешен.

Да, тоа е од лични причини, си поднесе оставка. Нормално, тоа се функции, во неврологија велат транзитни. И овие функции се транзитни, не се трајни, така што е нормално, некој доаѓа, некој си оди од лични причини. Добро е кога човекот гледа, нормално, подобро е да дадеш оставка или ќе те разрешат. Мислам дека тоа беше од лични причин – изјави Меџити.

Вела како в.д. директор на Клиничката болница во Тетово беше именуван во март годинава откако Алијанса за Албанците стана дел од владината коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот