Пленковиќ: На Милановиќ му порачаа дека им оди на нерви и дека не сакаат да го видат

Фото: Denis LOVROVIC / AFP / Profimedia

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека ХДЗ не стои зад одлуката на ветераните од 9-та гардиска бригада и Организациониот одбор на прославата на 30-годишнината од ослободувањето на југот на Хрватска, оценувајќи дека тие одлуки се порака до претседателот на Републиката дека луѓето не сакаат да го видат и дека им оди на нерви. објави ХРТ.

Здружението на ветерани од 9-та гардиска бригада не учествуваше на официјалната програма по повод 30-годишнината од формирањето на бригадата, на која присуствуваше и претседателот Зоран Милановиќ

Инаку Организациониот одбор на прославата на 30-годишнината од ослободувањето на југот на Хрватска и деблокирањето на Дубровник не го покани Милановиќ на утрешната прослава затоа што, како што наведоа, „неприфатливо е ваков достоинствен настан, на кој ветераните и хрватското единство е во центарот, да биде засенето од контроверзи, кавги и несогласувања што секојдневно ги прави претседателот“.

-Луѓето едноставно сметаат дека човекот само иритира, им оди на нерви, не сакаат да го видат, му пратиле порака, рече Пленковиќ

Милановиќ не е добредојден на одбележување на деблокирањето на Дубровник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот