Планирале напади на повеќе локации во земјата: Индија уапси девет членови на Ал Каеда

Фото: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Индиската национална истражна агенција денеска соопшти дека уапсила девет припадници на терористичката организација „Ал Каеда“ кои планирале да извршат напади врз повеќе локации во земјата, вклучително и во Њу Делхи.

Шестмина се уапсени во индиската држава Западен Бенгал, а другите тројца во државата Керала. Националната истражна агенција, главно индиско тело за борба против тероризмот, наведе и дека уапсените биле поврзани со огранок на „Ал Каеда“, поддржан од Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот