Пиперките од Струмица се пласираат на европскиот пазар

фото: Слободен печат

Откупот на пиперката „куртовска капија” се одвива без проблем, цената е на ниво од минатата година, се пласира најмногу на европските пазари и се очекува откупот да заврши за 10 дена.

Ова го соопштија откупувачи на земјоделски производи од струмичкиот регион на средба со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ кој беше во работна посета на Струмичко.

Како што соопштуваат од инспекторатот, тој се сретнал и со преставници на подрачната единица при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Струмица, како и земјоделските и фитосанитарните инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, при што се разговараше за идните планови и активности.

Директорот Шапуриќ, го посети граничниот премин Ново Село, и се информираше за тековните активности при функционирањето на фитосанитарната инспекција. На крајот на посетата е остварена и средба со градоначалникот на Општина  Струмица Коста Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот