Пике го нарече Хамилтон “малиот црнец“, овој одговори…

EPA/JANOS MARJAI

Некогашниот бразилски ас во Формула 1 упатил расистички навреди кон Британецот, а овој повика на акција против „архаичниот менталитет“

Трикратниот шампион во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике, предизвика расистички скандал откако во ТВ-интервју го навреди возачот на Мерцедес Луис Хамилтон.

Бразилецот го анализираше сударот на Хамилтон со Макс Верстапен на патеката Силверстон од минатата година, за кој Британецот беше службено обвинет и притоа го нарече Луис со навредлив израз „негуињо“.

Овој израз се користи во Бразил и може да биде тешка навреда, а значи „малечкиот црнец“. Пике двапати го нарече Хамилтон со споменатиот навредлив збор што предизвика осуди од јавноста, од Формула 1, од конструкторите и од возачите.

И Хамилтон реагираше на она што рече Бразилецот на негова сметка, но, не го именува и не одговори со навреди на навредите.

– Овој архаичен менталитет мора да се промени и му нема место во нашиот спорт. Бев опкружен со таков менталитет и „таргетиран“ целиот мој живот. Дојде време за акција – напиша Хамилтон.

Ќерката на Пике, Кели, е девојка на Верстапен. Интервјуто на Бразилецот со една бразилска телевизија беше направено минатиот ноември, но дури сега навредливите изрази на Пике дојдоа во фокусот.

Мерцедес му даде полна поддршка на седумкратниот шампион во Ф1. Трката на патеката Силверстон сезонава е на програмата претстојниот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот