Петровска вели дека воената опрема што ѝ ја дониравме на Украина била за фрлање, за возврат сме добиле американска донација

Сета опрема која досега е донирана е веќе на истекот на користење и согласно нашите планови нема да биде дел од нашето вооружување, ако не гоискористиме моментот сега да ги дадеме каде што ја бараат, ќе треба да платиме за да ја уништиме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во гостувањето во „360 степени“.

-Моментално политичката волја на Северна Македонија и моја како министерка за одбрана во поддршка на Украина е неспорна, но многу често ваквата политичка волја и поддршка треба да се демонстрира преку реални чекори. Донацијата е еден од начините преку што ја демонстрираме таа наша поддршка, рече Петровска.

Прашана што добиваме за возврат, таа рече дека само за помалку од една година, САД одобриле користење на 139 милиони долари.

-Ако сакаме да споредуваме, тоа е неколкукратно повеќе за разлика од она што ние сме го донирале. Тие средства се во поддршка на планот на модернизација на нашата армија, кажа Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот