Петровска: Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, тогаш Скопје ќе дише

Ана Петровска
Ана Петровска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта, изјави Ана Петровска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје од „Зелен хуман град” при нејзината посета во Пржино.

Петровска истакна дека граѓанската иницијатива и жителите од Пржино се борат против бетонските чудовишта, со цел да добијат еколошка населба.

– Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град, додаде Петровска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот