Петмина друмски насилници малтретирале семејство на пат во битолско, сите се уапсени

Фото: МИА

Петмина насилници од Прилеп и Росоман вчера се уапсени откако жител на селото Мелница во Општина Чашка ги пријавил дека на пат кон битолското село Цапари го нападнале него и неговото семејство, соопшти МВР.

„На 03.10.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.П.(34), Т.П.(32), двајцата од Росоман, Г.С.(25), Н.Н.(34) и В.С.(36), тројцата од Прилеп, постапувајќи по пријава од Р.Н.(35) од с.Мелница, Општина Чашка, според која додека тој и членови на неговото семејство со патнички возила патувале од с.Мелница кон с.Цапари, битолско, биле физички нападнати од неколку лица кои биле со патнички возила „Фолксваген Поло”, со кавадаречки ознаки и „БМВ”, со прилепски ознаки“, пишува во полицискиот билтен.

По преземени мерки и активности, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот