Петков: Нема американски притисоци за признавање на македонското малцинство во Бугарија

Кирил Петков
Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Периодот од 6 месеци што го одредив беше за работата што треба да се направи меѓу Бугарија и РС Македонија. Никогаш не сум кажал точен рок за една или друга одлука, изјави за БТВ бугарскиот премиер Кирил Петков.

-Ова треба да биде функција само со резултат врз основа на овие работни групи. Влезот на РСМ во ЕУ, кога позицијата на Бугарија е на линија, е најдоброто нешто за Бугарија. Ги сакаме гаранциите што мора да ги има секој граѓанин на ЕУ, ова е нулта толеранција за дискриминација, додаде Петков. Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот устав, додаде премиерот.

Зборувајќи за компромисите кои бугарската страна би можела да ги направи, Петков одговори:

– Бугарија може да биде иницијатор за пуштање на линијата Софија-Скопје, компромисот е кој ќе ја организира и финансира оваа линија, ова може да биде првиот чекор, рече Петков.

Според него, тој никогаш не разговарал со американски претставници за признавање на македонското малцинство во Бугарија кое и натаму ќе остане непризнаено и на маргините на бугарското општество и покрај инсистирањето и условувањето на бугарската страна бугарското малцинство во Република Северна Македонија да влезе во Уставот на земјата.

– Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии. Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било, одговори бугарскиот премиер Кирил Петков

Претходно бугарскиот премиер даде интервју за македонската државна агенција МИА во кое нагласи дека на престојната посета во Скопје во вторник не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји.

Петков за МИА: Не доаѓам со никаков анекс на Договорот, туку со подготвеност за нов почеток

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот