Петгодишно девојче од Газа повторно се обедини со нејзината 18-месечна сестричка

Петгодишно девојче од Газа повторно се обедини со нејзината 18-месечна сестричка / Фото Би-Би-Си принтскрин

Би-Би-Си објави снимка на која се гледа повторното обединување на две сестри по воздушниот напад во Рафах, јужна Газа.

18-месечната Јулија била извлечена од урнатините на уништената зграда и итно пренесена во болницата Ел-Наџар. Нејзината петгодишна сестра Жури, која исто така била спасена од урнатините, веќе била таму.

„Сестра моја, драга моја“, рече Жури во моментот кога сфати дека нејзината сестра преживеала.

Двете биле на ручек со семејството кога била бомбардирана зградата до нив. Експлозијата ја уништила куќата во која се наоѓале, рекол нивниот вујко. Девојчињата се здобиле со повреди на главата, биле преплашени и истрауматизирани, додаде тој.

Девојчињата подоцна ја напуштиле болницата со своите семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот