Пет екипи со максимален учинок во Втората македонска фудбалска лига

фото: fcpelister.com.mk

Се одиграа осум натпревари денеска во Втората македонска фудбалска лига, еден од најсериозните кандидати за враќање во елитата, Пелистер со 0:3 триумфираше на гостувањето кај Каменица Саса.

Битолчани дојдоа до победата благодарение на двата гола на Талевски, а еден беше дело на Љамчевски. Мируваа мрежите на натпреварот Победа – Охрид (0:0), додека Детонит Плачковица со 1:0 славеше против Арсими.

Кожуф со 4:2 го надигра тимот на Скопје, Башкими со 2:3 го победи Осогово, додека Караорман со 2:0 беше подобар од Вардар Неготино.

Беса 1976 го надигра Новаци со 1:4, а Беласица со 2:0 го совлада Тетекс.

На табелата вкупно пет екипи до сега имаат максимален учинок од девет бодови и ја делат моментно првата позиција на табелата, тие се Пелистер, Беса 1976, Кожуф, Детонит Плачковица и Башкими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот