Песков: Нема нови информации за понатамошната судбина на Вагнер

дмитриј песков
Дмитриј Песков / EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека нема нови информации за договорот за понатамошната судбина на руската паравоена формација Вагнер.

Се уште не се знае што ќе биде со сопственикот и основач на таа група, Евгениј Пригожин.

„Нема нови елементи што можам да ги споделам со вас на таа тема, рече Пеков, одговарајќи на новинарско прашање дали договорот според кој Пригожин треба да замине во Белорусија е се уште во сила“, пренесуваат руските медиуми.

Тој претходно истакна дека рускиот претседател Владимир Путин одржал средба со Пригожин и другите команданти на Вагнер, која траела речиси три часа и на која им понудил можности за вработување и употреба во борбите.

Кремљ претходно вети дека нема да ги гони членовите на Вагнеровата група кои учествуваа во краткотрајното востание на Вагнер на 23 јуни, земајќи ги предвид нивните „борбени заслуги“ и дека кривичните случаи против Пригожин се отфрлени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот