Песимистички прогнози на Молдавија -Во ЕУ за деценија или две, а можеби и никогаш

Молдавија знаме/ Фото SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Молдавија нема да добие членство во Европската Унија во наредните децении, но, ќе претрпи штета, доколку се придружи во санкциите против Русија, смета поранешниот претседател на земјата, Игор Додон.

„Нашите луѓе треба да сфатат дека нема да станеме дел од ЕУ барем за деценија или две, а можеби и никогаш, но, во наредните месеци ќе претрпиме штета поради неодговорната и агресивна политика на властите во земјата. Судејќи според нивните неодамнешни забелешки, одлучни се да се придружат во западните санкции против Русија”, напиша Додон на Телеграм.

Според него, лага е изјавата на молдавската Влада дека „како држава кандидат, Молдавија е обврзана да се придружи во санкциите против Русија”.

„Турција, членка на НАТО што пред неколку децении доби статус кандидат за членство во ЕУ, одби да ги поддржи санкциите на Западот против Русија, бидејќи се во спротивност со нејзините национални интереси”, тврди Додон.

Тој додава дека војната на Западот со Русија, „не е наша војна”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот