Пешев: Со партнерите од регионот се обединивме за опоравување на регионалните економии

– Целосно ги насочивме ресурсите кон обезбедување помош и поддршка за компаниите кои работат на регионалните пазари, за надминување на проблемите и обезбедување непречено работење и функционирање на компаниите во тековните околности поврзани со коронавирусот, вели претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.

Создавање заедничка економска област на Западен Балкан и подлабока интеграција на регионот во правниот и економскиот систем на Европската унија клучно за закрепнување на регионалните економии од ефектите на пандемијата КОВИД-19. Ваквата иницијатива произлезе на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во кој се обединија Стопанската комора на Македонија со нејзините партнери од земјите од регионот.

Претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, пред присутните истакна дека КИФ во изминатиот период целосно ги насочи ресурсите кон обезбедување помош и поддршка за компаниите кои работат на регионалните пазари, за надминување на проблемите и обезбедување непречено работење и функционирање на компаниите во тековните околности поврзани со коронавирусот.

Тој додава дека и дека за ублажување на ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот, изминатиот период со партнерите од регионот покренати се две иницијативи.

Меѓу другото се осврна на последните согледувања во Комората кои покажуваат негативни ефекти врз работењето на челичната индустрија.

– Воведените заштитни мерки за увоз на челик во ЕУ кои се применуваат од 01.02.2019 година, предизвикуваат сериозни негативни ефекти врз работењето на оваа индустрија во целиот регион. Конкретно, во однос на македонската челична индустрија, во изминатиот период се бележи драстичен пад на увозот и извозот на производи поврзани со челикот во државата. Во периодот јануари-декември 2019 година, во споредба со истиот период претходната година, се бележи пад на увозот на суровини и репроматеријали од три отсто во однос на стоките во кодот 72 според ХС (железо и челик) и пад од шест проценти на стоките во кодот 73 според ХС. Истовремено, како резултат на воведените заштитни мерки, во периодот јануари-декември 2019 година, во споредба со истиот период претходната година, извозот на производи во ЕУ во кодот 72 според ХС бележи пад од 2,46 отсто, додека извозот на производи во кодот 73 бележи пад од 31,21 процент, рече Пешев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот