Перо Антиќ се огласи за врската со српската фолк-пејачка: Не сум во љубов со Цеца, туку со македонско девојче

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Веќе неколку месеци се шпекулира дека нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ и балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ се во романтична врска, пишува „ММС“.

Гласините околу нивната врска почнаа набргу, откако се прозборе дека Перо и манекенката Катарина Иванова раскинале.

Во разговор со „ММС“, тој откри дали Цеца Ражнатовиќ ќе стане македонска снаа и дали навистина е во врска со него.

„Абе тоа се секти, кои  измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не  ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе“, вели тој за „ММС“.

Перо Антиќ ретко зборува за приватниот живот, затоа и овој пат вели дека нема да каже со кого е во врска, но, дека секако тоа не е фолк-пејачката Цеца.

„Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче“, вели тој.

„А со Цеца се знам, да. Се имам запознаено на еден хепенинг,  но тоа нема врска од овие глупости за кликови. Приказни кои ги измислуваат секти“, додава Перо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот