Перез најде начин како да дојде до Мбапе

Ништо од големиот трансфер, Мбапе останува „светец“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Преговорите за трансферот се кренати на повисоко ниво.

Говорот на телото ана Килијан Мбапе во последно време покажува дека фудбалерот е нервозен поради одбивањето на управата на ПСЖ да го пушти во Реал Мадрид. Претседателот на ПСЖ Насел Ал-Келаифи пред неколку дена изјави дека нема шанси да го продаде Мбапе на Реал Мадрид без разлика што ќе понуди „кралскиот клуб“.

Но, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одлучи да оди едно скалило погоре, односно да го прескокне Ал-Келаифи и директно да им се обрати на сопствениците на ПСЖ, тоа е кралското семејство на Катар. Перез има одлични односи со кралското семејство Ал Тани, неговата градежна компанија учествуваа во изградба на инфраструктура за претстојниот Мундијал и сега ќе се обиде да го договори трансферот на Мбапе.

Наводно, првичната понуда би изнесувала околу 75 милиони евра плус дополнителни бонуси со кои сумата би се искачила до 100 милиони евра, а во Париз би заминал и Рафаел Варан.
Овој потег на Флорентино Перез го разбеснил претседателот на ПСЖ, но доколку емирот на Катар се договори сопрвиот човек на Реал, Ал-Келаифи не може да направи ништо.

Доколку му биде дозволено на Мбапе да се пресели во Реал Мадрид, тогаш можно е нови проблеми на „Паркот на принцевите“ да направи и Нејмар.
Наводно Бразилецот кога го потпишувал новиот договор со ПСЖ добил гаранции дека Мбапе ќе остане во ПСЖ и поради тоа се согласи да остане во Париз до 2026 година. Доколку си замине Мбапе, како негова замена се споменуваат само две имиња, Кристијано Роналдо кој се посеризно размислува да си замине од Јувентус, и Хари Кејн кој побара да биде продаден од Тотенхем и тоа во клуб со кој ќе може да освојува трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот