Пеп Гвардиола „нацрта“ како одржа час по фудбал на „Сантијаго Бернабеу“

твитер

Тренерот на Манчестер сити го надигра Зинедин Зидан во првиот дуел од осминафиналето.

Манчестер сити благодарение на пресвртот во второто полувреме со 2:1 го совлада Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар од ЛШ и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

Гвардиола на новинарите им објасни како се подготвуваше за овој натпревар и како носеше одлуки. Една од најчудните работи кои се покажаа како клучни за победата беше тоа што играше со „лажна деветка“ бидејќи Габриел Жезус играше по крилната позиција, додека најблиску до голот играше Кевин де Брујне.

– Сега добивам комплименти за победата, а да загубивме сите ќе зборуваа дека игравме без вистински напаѓач. Габриел Жезус има нешто што ниту еден друг напаѓач во светот го нема, тој кога ќе почне да прави „дијагонали“ на теренот со толкава брзина е недостижен за противниците. Се одлучивме за ваква тактика бидејќи доколку Габриел играше во средината тогаш таму ќе го чекаа Рамос, Варан и Валверде. Де Брујне во нашиот втор систем заврши најголем дел од работата, тоа е најдобар среден играч на светот, а притоа одлично ја чита играта – започна Пеп да ја објаснува тактиката.

– Имавме 10 слободни дена и за тоа време гледам многу натпревари на Реал Мадрид бидејќи секогаш се обидувам да дознаам се за својот противник и тоа да им го пренесам на играчите. Тие почнаа со формација 4-3-3, а потоа се префрлија на 4-4-2 но и тогаш имав доволно информации за да ги подготвам играчите. Добро ја прочитавме и предвидевме нивната тактика.

Потоа Гвардиола на најдобар начин објасни што ја прави Лигата на шампионите толку посебно натпреварување.

– На натпреварите во ЛШ мораш да бидеш подготвен и да патиш, да прифатиш дека во текот на натпреварот ќе бидеш и подобар, но и послаб тим. Реал кога го постигна голот ние бевме подобри на теренот, а потоа тие ја презедоа иницијативата додека ние постигнавме два гола. На теренот одлучуваат детали. Овој двомеч сè уште не е завршен, бидејќи ако некоја екипа може да направи пресврт секаде, тогаш тоа е Реал Мадрид – вели Пеп Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот