Пендаровски: Се уште сме заробеници на минатото

Претседателот на Републикаа Северна Македонија, Стево Пендаровски / Фото: СП

Постојат неколку премрежја во изминативе 30 години кои не можевме да ги превидиме, на пример спорот со Грција. Не можевме да предвидиме прво дека ќе трае толку многу и дека практично ќе не блокира при влезот во секоја меѓународна организација…Ова сега најново се надевам нема да биде такво по пропорции, споров со Бугарија што го имаме и нема толку да трае, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Трилинг на Телевизија 24.

Меѓутоа, додава тој, исто така не може да се поверува дека може да постои спор во кој една земја членка на ЕУ и на НАТО вели „ти не си Македонец”, или „не зборуваш на македонски јазик” или „пребриши се од историјата до таа и таа година и прими го комплетно нашиот историски наратив и стави го во вашите учебници”.

Пендаровски смета дека за жал, се уште сме заробеници на минатото и според него кога станува збор за евроинтеграциите, нас се уште не сметаат како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка.

– Гледам дека во фокусот на мојот интерес, не само Северна Македонија туку и шесте држави на Западен Балкан кои останаа на опашката на интеграциите, особено оние кон ЕУ и генерално клучните политики на Брисел, посебно зборувам за евроинтеграциите, не третираат нас се уште како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка на тој клуб, вели Пендаровски.

За шефот на државата „Отворен Балкан” е одлична иницијатива и очекува и другите земји од Западен Балкан во поскоро време да се приклучат.

– Меѓутоа, јас би бил прв против „Отворен Балкан”, независно од неговото примамливо и атрактивно име, ако тој е навистина замислен како алтернатива на ЕУ, нагласи Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот