Пендаровски: Нелогично е најбогатите да се однесуваат како да не ги погодува кризата

На новинарско прашање дали на богатите луѓе треба да им се наметне прогресивен данок, бидејќи се привилегирани, македонскиот претседател Стево Пендаровски кажа дека тоа е надвор од неговите надлежности, но дека треба да се помогне на сите во оваа криза.

-Во принципиелна смисла товарот на кризата треба да го поднесеме соодветно во однос на нашиот статус и имот. Оние кои имаат треба да придонесат повеќе. Нелогично е во време кога се затворени сите бизниси, оние кои се најбогати да се однесуваат како да не ги погодува кризата. Во човечка смисла треба да помогне секој колку што може, особено за најсиромашните кои се најпогодени, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот