Пендаровски: Макрон ми вети дека нема по втор пат „да нè исече“ - Слободен печат

Пендаровски: Макрон ми вети дека нема по втор пат „да нè исече“

Претседателот Стево Пендаровски вели дека има некакви сигнали дека постојат шанси прашањето за почеток на преговори во Европската унија да се реши во првите пет до шест месеци од хрватското претседателство со Унијата, кое стартува на 1 јануари, а неговата надеж се темели на она за што разговарал на средбата во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон.

Пендаровски вечерва во интервју во емисијата Отворено на ТВ 24 нагласува дека нему сигнал дека прашањето ќе се реши за време на хрватското претседателство му дава желбата, која Макрон на средбата ја изразил да ја посети Северна Македонија и на граѓаните да им ја појасни ситуацијата околу француското „не” за почеток на преговори на октомврискиот самит,  но и потребата од усвојување на новата медотологија во преговорите.

-Ми рече: „Оваа одлука и претходната сакам да ја образложам пред вашиот народ, сакам да дојдам во вашата земја”. Јас му реков добредојдени сте, но ќе имате тешки моменти ако дојдете со негативна вест и ако не исечете по втор пат, многу тешко ќе биде да им објасните на луѓето и ќе ви биде тешко тоа да го објасните на прес-конференцијата. Тој ми рече: „Немам намера да ве исечам по втор пат. Тоа е максумум што го добив од тој разговор, вели Пендаровски.

Шефот на државата истакна дека веќе изнел во јавноста што се разговарало на таа тет-а-тет средба, на која Макрон му посочил дека е потребно да има нова методологија во преговорите, бидејќи повеќе не сакаат да примаат неподготвени членки.

Макрон му посочил дека новата методологија сакаат да ја усвојат до крајот на јануари, а не подоцна од март, но не дал јасен одговор за почетокот на преговорите.

-Не беше дециден за март и сега јас можам да погодувам, јавно да шпекулирам. Во првите 20 дена на март во Франција има локални избори. Тие во Франција за него се исклучително битни бидејќи неговото движење е релативно ново, нема локална структура, а мора да има добра локална структура ако сака да освои втор мандат, бидејќи таа логистика ќе му биде битна за вториот мандат и тој се обидува со добар успех на локалните избори да поврати дел од рејтингот кој беше нарушен со жолтите елеци, посочи Пендаровски.

Потсети дека на 26 март по фрацуските локални избори е закажан Совет на ЕУ, но напомена дека тука има и едно друго прашање, политичко. -Дали тие како ЕУ би сакале со таква политичка одлука ако методологијата е усвоена да ни дадат зелено светло среде нашата кампања за парламентарни избори. Има политички партии во рамки на Европската народна партија, најбројната парламентарна групација, кои можеби ќе речат дека не би сакале да ја оштетат нивната членка ВМРО-ДПМНЕ, истакна Пендаровски.

Со Макрон направил селфи, но вели не е негов стил да објавува селфи со високи функционери, но додава дека доколку одлуката за Северна Македонија беше позитина и Макрон дадеше зелено светло, ќе ја објавел фотографијата.

Прочитај повеќе

Франција и Русија ќе ги евакуираат своите државјани од Вухан

Слободен печат

Правниот тим на Трамп ја почна одбраната на претседателот во Сенатот

Слободен печат

Зариф: Иран подготвен за преговори со САД

Слободен печат

Нов земјотрес во Турција: Нема податоци за штети и жртви

Слободен печат

Законот за ЈО во вторник на јавна расправа: Во Собранието поканети и Јовески и меѓународни претставници

Слободен печат

Протести на жолти елеци и во Бугарија: Жителите на Перник стравуваат дека ќе останат без вода

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 04/12/2019 - 07:06 at 07:06

И на Заев сите му обеќаваа, мени име на улица, ги натовари со пари и никому ништо. Така и Пендаровски, само се прави дека е гоооолем политичар. Ве сетија веќе сите со какви „преговарачи“ имаат работа.

Reply

Остави Коментар

twenty + 12 =

Прочитај повеќе

Вухан гради и втора болница за заболените од коронавирус

Слободен печат

Москва и Анкара тврдат дека во Сирија имало околу 200 случаи на кршење на примирјето

Слободен печат

Богатите ги повлекуваат парите од швајцарските банки: Знаат ли нешто што другите не знаат?

Слободен печат

Хрватите протестираа против 5Г мрежа

Слободен печат

Полска ја обвинува ЕУ за политика на двојни стандарди

Слободен печат

Заев за пишувањето на „Ла верита“: Ако во ВМРО-ДПМНЕ имаа некакви докази, верувајте, ќе ме осудеа

Слободен печат