Пендаровски ја победи Силјановска со 58.499 гласови разлика

Фото: МИА

Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија. Тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вкупно на гласање вчера излегоа 844.365 граѓани од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани.

Одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

Стево Пендаровски на првиот круг пред две недели имаше 322.581 глас, а Силјановска давкова 318.341 глас.

Тогаш на гласање излегоа 753.520 избирачи или 41,67 отсто од вкупниот електорат.

Пендаровски ќе биде петтиот претседател на Републиката. Оваа фукција пред него ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот