Пендаровски домаќин на неговиот словенечки колега Пахор (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Во претседателскиот кабинет во „Вила Водно”, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што почна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Во рамки на посетата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словенија, справувањето со последиците од КОВИД-пандемијата и регионалните прашања.

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Претседателот Пахор за време на посетата е придружуван од Здравко Почивалшек, заменик претседател на Владата и министер за економски развој и технологија, како и од Матеј Тонин, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот