Пелоси очекува Конгресот да одобри непријателски акт кон Иран

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, денеска изјави дека до „непријателски акт” против Иран не треба да се дојде без согласност на Конгресот.

Таа рече дека САД „се наоѓа во многу опасна и чувствителна ситуација со Иран”.

Ненси Пелоси ја даде изјавата откако претседателот Доналд Трамп потврди дека наредил, а потоа откажал напад во знак на одмазда, бидејќи Иран соборил американско беспилотно летало.

Нејзин портпарол изјави дека таа не била информирана за плановите на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот